На 83 години почина Трипун Карапетров, долгогодишен дипломат во Сојузниот секретаријат за надворешни работи во СФРЈ и Министерството за надворешни работи на Република Македонија, во дипломатските мисии во Варшава (Полска) и Москва (СССР / Руска Федерација), каде што во 1991 година ги воспостави дипломатските односи со отварање на амбасада на Република Македонија во Руската Федерација.
Во професијата и животот Карапетров беше човек со интегритет, визија, принципи и континуирано залагање и придонес во продлабочувањето на политичките и економските односи помеѓу Република Македонија и државите од поранешниот СССР.
Погребот ќе се одржи во четврток (27.04.2023), во 11:00 на градските гробишта во Нерези.
фото: Архива