Ракометната репрезентација на Македонија ја оправда фаворитската улога кај Луксембург (23-28) и со втората победа над овој ривал во квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2024 година направи крупен чекор напред кон континенталниот собир.
Македонија го совлада Луксембург вторпат во овој циклус и треба да се случи чудо да не патува на собирот кој ќе се игра во Германија во јануари следната година. Последниот меч од квалификациите за ЕП 2024, Македонија го игра во недела на домашен терен и против Турција.
Со оваа победа македонската ракометна репрезентација го завери своето место на ЕП 2024 година, а избраниците на Кирил Лазаров на крајот славеа со 23-28 (12-14) и го запишаа третиот триумф во овие квалификации, доволен за пласман на уште едно големо натпреварување.
Од трибините момците имаа поддршка од „Фалангата“ која дојде во доволна бројка за да ги бори своите миленици.
vesnik.com