Километар автопат кај нас чини дупло повеќе од најскапиот во Европа

Според скандалозниот договор кој македонската влада го склучила со компаниите „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10, без дополнителните трошоци кои во Македонија постојано се јавуваат видено од оваа влада која за автопатот Кичево-Скопје од планирани 320 милиони евра со минатата власт оваа власт надгради дополнителни трошоци од скоро 250 милиони евра (!), километар пат за коридорот 8 и 10 без таа ставка ќе чини најмалку 25 милиони евра, анализира „Вечер“.

Македонија не е планинска Австрија или Швајцарија, пишува весникот, па конфигурацијата на теренот се смета за равна до умерено сложена за неопходна изгрардба на високи и долги мостови и килиметраски тунели, работната сила и техниката кај нас се далеку поевтини од Европа, ниту пак партечките содржини и расвета се луксузни како во западна Европа. Но, и покрај тоа цената за километар автопат во Македонија е рекордна во Европа – со 25 милиони евра за километар!

Тие се повикуваат алализа од стручниот српски портал Градитељи.рс кој критички пишува за цената на автопатите во Србија која достигнала, според нив, големи 14 милиони евра за километар. Нивните „големи“ 14 милиони за киолометар автопат во Србија се двојно поскапи кај нас.

 

извор: Vecer.mk