Поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче со мотори пристигнале на „Делфи форумот“ во Грција.
Заев за грчкиот интернет портал Вориа објаснил дека патувањето почнало на 22 април од Скопје. Возел низ Западна Грција до Пелопонез, а после форумот ќе го продолжеле патувањето за Солун, од каде се очекува да замине на Халкидики.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Заев на панел дискусијата посветена на енергетиката на Делфи економскиот форум во Грција порачал дека „регионот ќе биде многу постабилен и побезбеден, ако делуваме и работиме заедно“
Заев се осврнал на важноста на соработката на земјите од регионот, како пример ги спомена и Грција и Бугарија, посочи дека исто како и со вакцините за време на пандемијата, така и сега за енергетската криза, постоеше помош од соседите, но и истакна дека потребно е да работиме заедно, да се продолжи соработката во пресрет на следната зима.
Ја преживеавме енергетската криза со помош на нашите пријатели – Грција, Бугарија и Србија. Грција сподели со нас свои ресурси, како што земјите претходно споделија и вакцини, истакнал Заев.
МИА