Хвар: Британец (30) се обидел да се качи преку ѕидот до терасата од станот и паднал од височина

0
152

Маж е тешко повреден во петокот попладне откако паднал од голема височина на Хвар, соопшти набрзо полицијата, а неофицијално се дознава дека се работи за странски државјанин, 30-годишен Британец кој се обидел да се искачи на голема височина под влијанието на алкохолот.

 

Полицијата соопшти дека околу 18 часот на островот Хвар при пад од височина е повреден маж кој со хеликоптер бил пренесен во сплитската болница.

Преземаме мерки и дејствија од надлежност на полицијата за утврдување на сите факти и околности на настанот – извести вечерва сплитската полиција.

 

Неофицијално, станува збор за странски државјанин, 30-годишен Британец кој под дејство на алкохол се обидел да се искачи на голема висина, преку ѕидот до терасата од станот.

 

24sata.hr