Легендарниот актер Ѓокица Лукаревски, денес полни 72 години

0
194

Ѓокица Лукаревски (Скопје, 29 април 1951) — македонски глумец, познат по бројните улоги во филмови, театарски претстави и телевизиски екранизации.

Лукаревски е роден 1951 година во Скопје. Една година по завршувањето на Факултетот за Драмски уметности во Скопје, во 1977 година во класата на проф. Илија Џувалековски се вработил во Драмски театар – Скопје. Со својата длабока доживувана глумечка интерпретација Лукаревски посебно се истакнува во неколку претстави каде толкува главни и споредни улоги.

Негова ќерка е Сања Лукаревска, првата жена на УЈП и активна во политичките води.

Главната глумечка награда на Меѓународниот театарски фестивал на детски претстрави во Котор – Црна Гора[2].
Награда за најдобро глумечко остварување Војдан Чернодрински 1984
Прв добитник е на Наградата за најдобра епизодна улога „Димче Трајковски“ што се доделува на традиционалната смотра на професионалните театри во Прилеп.
Награда за најпопуларно ТВ-лице на годината на “Екран” (1995)
Награда за животно дело Анче Џамбазова 2020
Награда за животно дело на фестивалот “Гола месечина” 2020