Алпер Гезеравџи, еден од првите турски астронаути што ќе патува во вселената, ќе помине 14 дена на Меѓународната вселенска станица, изјави турскиот министер за индустрија и технологија Мустафа Варанк, јавува Анадолу.
Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, соопшти дека Алпер Гезеравџи и Тува Џихангир Атасевер се избрани за први турски астронаути што ќе патуваат на првата вселенска мисија планирана кон крајот на оваа година.
Алпер Гезеравџи веќе има постигнато значајни достигнувања во Турските воздухопловни сили, а Тува Џихангир Атасевер е системски инженер што работи за турскиот производител на ракети Рокетсан во областа на вселенските системи за лансирање.
Двајцата кандидати се избрани од повеќе од 36.000 апликации, рече министерот.
Тој истакна дека 20 земји спроведуваат слични мисии на вселенската станица и дека Туркије ќе им се придружи.
Во 2018 година Туркије ја основа Турската вселенска агенција, а една година подоцна ја најави вселенската програма на земјата, како и вселенската мисија со екипаж.
извор:Анадолу.
фото: Анадолу.