Арбен Таравари: Злоупотребен сум во реклама како лекар

Продолжува праксата на користењето на ликот на познати доктори, политичари и уметници како злоупотреба за продажба на наводни лекови. Последен на мета на овие измамници се најде градоначалникот на Гостивар – Арбен Таравари, преку чиј лик се рекламираат таблети за слабеење.

– Како лекар, длабоко сум загрижен за ширењето лажна реклама во мое име за производ за слабеење, за којшто се тврди дека придонесува за губење на телесната тежина.
Ги повикувам луѓето да бидат исклучително внимателни кога наидуваат на вакви содржини, коишто во дадени околности дури може да предизвикаат и големи штети по нивната здравствена состојба.
Мој приоритет отсекогаш бил грижа за здравјето и благосостојбата на граѓаните. Сите граѓани треба да имаат пристап до точни и веродостојни информации кога станува збор за нивното здравје и благосостојба.
Ги повикувам институциите да преземат мерки против ваквите лажни реклами коишто не само што можат да ги доведат потрошувачите во заблуда, туку и да предизвикаат сериозни здравствени ризици.

извор: ФБ Арбен Таравари