Загинал возач од Крушево откако воз удрил во неговиот автомобил

Утринава околу 04,00 часот во СВР Битола е пријавено дека патнички воз кој сообраќал на релација Битола-Скопје, на железнички премин на ул.Трајко Николоски со ул.Леце Котески во Прилеп, во близина на железничката станица–Прилеп удрил во патничко моторно возило „поло“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Х.И.(76) од Крушево, кој починал на лице место.

Од доктор од итна медицинска помош била констатирана смрт“, велат од МВР.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР-Прилеп.

фото: Архива