Автомобил попладнево падна во провалија на патот за Бродец, Скопска Црна Гора

Според информациите на Центарот за управување со кризи, возило „голф“ паднало во провалија при што, според дојавата од терен, повредени се три лица кои се префрлени во болница.

Неофицијално во возилото имало и деца.

Инаку, во тој правец – предел, над Бродец, кон Танушевци, има и пожар на отворено од помали размери, гори деградирана шума и сува трева во месноста „Стојанова Река“, што не претставува сериозна опасност, велат од Центарот за управување со кризи.

 

makfax.mk