Трикафта ќе добијат уште 18 најкритични пациенти

Трикафта ќе добијат уште 18 најкритични пациенти. Останатите добија ветување дека Министерството за финансии обезбедило пари за сите. Пациентите со цистична фиброза само што започнаа со протест беа повикани на средба.

Делумно задоволни од разговорот, но разочарани бидејќи лекот нема веднаш да го добијат сите пациенти, од Асоцијацијата за цистична фиброза велат дека тука не застануваат и ќе продолжат со притисок и нови протести за властите да не ги заборават и да ги потсетат дека Трикафта им треба на сите пациенти.

Со свирежи и пароли „Ретки сме и постоиме“, „Здравје пред профит“ , Не диши, имаме други приоритети“ пациентите со цистична фиброза и нивните семејства побараа од Министерството за финансии Трикафта да добијат сите пациенти. Пред еден месец лекот го добија 12 а од вкупно 140 пациенти со цистична фиброза.

 

telma.mk