Синдикатите во здравството најавуваат генерален штрајк ако не се потпише колективниот договор

-За функционерите 78 проценти покачување, а ние се молиме за три илјади денари.

Ваква е реакцијата на лекарите, кои се револтирани бидејќи не го добиле ветеното покачување најавија порадикални мерки и генерален штрајк.

Глувоста на властите не тера да стапиме во „бел штрајк“, велат лекарите.

Министерот за здравство тврди дека ова се шпекулации и дека за неколку дена ќе се исплати договорената сума.

-Двата синдиката за задравство на 30 март се договорија со претставниците на министерството за зголемување на платите. Медицинските сестри требаше да добијат по 3000 денари зголемување, а останатите вработени во здравство по 2.000 денари.

фото: Архива