Лице од Неготино се заканувал и се соблекол пред вработена од Центар за социјални работи

На 09.05.2023, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Л.Ф.(50) од Неготино затоа што во Центарот за социјални работи во Неготино упатил закани кон една вработена и се соблекол пред неа, информира МВР.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

kurir.mk