Македонците од селото Клење област Голо Брдо деновиве самоиницијативно реализираа активност за уредување на патот што го поврзува со село Стеблево, кој бил во многу лоша состојба. Сега, драги политичари можете да дојдете да го побарате гласот! Момчиња од Клење во припомош со две момчиња од Стеблево завршија колосална работа со пополнување на многуте ударни дупки и попесочување на патниот сегмент Стеблево – Клење, стои во објавата на Фејсбук страната на село Клење.
Во име на жителите месната заедница од Клење изразуваат голема благодарност до младите од нивното село, неколкуте од село Стеблево како и до иселениците Елион Форгали и Дурим Зуна кои во неможност лично да учествуваат испратиле други лица. Областа Голо Брдо ја сочинуваат 22 села, главно населени со Македонци. Се вбројува во најнеразвиените области во земјата, каде и денес повеќето од населените места се поврзани со макадамски патишта.
vesnik-ilinden.com