Неколку денови пред масакрот во Белград за малку ќе се случеше слично убиство во Сплит. Студент по психологија (22) е уапсен поради закана за масовно убиство на своите колеги на Филозофскиот факултет, објави република.
За среќа, студентот од Сплит бил разоткриен со помош на ФБИ, кои во неговиот телефон откриле морничави планови и видеа како држи рачна бомба и им се заканува дека ќе ги убие колегите!
Студентот заврши во истражен затвор. Главната разлика помеѓу овие два случаи е возраста на сторителот и крајниот исход, додека сите други околности се доста слични.
Во случајот Сплит, семејната средина е речиси идентична бидејќи таткото на ученикот работи како инспектор во полиција, а неговата мајка е докторка.