ЛАВ, за кој се верува дека е еден од најстарите во светот, умре откако сточари го газеа, соопштија властите во Кенија, јавува Би-би-си.
Лункиито, кој имал 19 години, починал во село во јужна Кенија, кое се граничи со националниот парк Амбосели, во средата навечер откако ловел говеда.
Непрофитната организација Lion Guardians рече дека тој е најстариот машки лав во екосистемот, а можеби и во Африка. Повеќето лавови во дивината живеат до околу 13 години.
Портпаролот на Кениската служба за диви животни (KWS), Пол Џинаро, изјави за Би-Би-Си дека лавот е стар и слаб и оти залутал во селото од паркот во потрага по храна. Џинаро не можеше да потврди дали е најстариот лав во земјата, но рече дека е многу стар.
„Ова е пресвртна точка за конфликтот меѓу човекот и дивиот свет и ние треба да направиме повеќе како земја за да ги спасиме лавовите, кои се соочуваат со исчезнување“, изјави за Би-Би-Си Пола Кахумбу, заштитничка на дивиот свет и извршен директор на WildlifeDirect.
index.hr