Непознат сторител со помош на тешка механизација го разорал просторот зад поликлиниката Бит Пазар, објави „Канал 5“, додавајќи дека директорот на Здравствен дом Скопје, Виктор Исјановски не знаел ни кој гради и прекопува, ниту со чија дозвола, објави Канал 5.
Некој сакал да гради против правно без дозвола од општина и од поликлиниката при што оштетил дел од оградата, излезени на лице место полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар и известен е дежурен ЈО“, стои во пријавата на МВР, без да се наведе за кого станува збор и како е можно никој да не забележал дека се вршат градежни работи во двор на фреквентна здравствена установа.
Оградата била урната вчера попладне кога сите вработени си заминале дома.
извор:Канал 5