Аеродромот во Подгорица е затворен за сообраќај откако некој од странски број се јавил и пријавил дека наводно била поставена бомба.
Поради дојава за наводно поставена бомба, на аеродромот во Подгорица биле испратени антидиверзантски увидни екипи со цел да се отстранат сите сомнежи.
Аеродромските служби им рекле на пилотите на авионите, кои требало да слетаат во Голобовце по 9:00 часот, да кружат горе и да чекаат полицијата да заврши со увидот.
Во изминатата година имаше неколку серии лажни дојави за поставени бомби во згради на државни институции и училишта во Црна Гора.