Преброени над 80 отсто од гласовите, слават поддржувачите на „турскиот султан“: Ердоган води со 50 отсто, Киличдароглу има 43,91 отсто

Supporters of Turkish President Recep Tayyip Erdogan and AK Party (AKP) react after early exit polls at the AK Party headquarters in Ankara, Turkey May 14, 2023. REUTERS/Umit Bektas

Врз основа на обработени 82,54 отсто од избирачките места, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган освоил 50,3 отсто од гласовите, додека главниот опозициски кандидат Кемал Киличдароглу освоил 43,91 отсто од гласовите, јавува Си-Ен-Ен Турк, повикувајќи се на податоци на Anadolu Agency.

 

Според некои медиуми, процентуалната разлика меѓу Ердоган и Киличдароглу продолжува да паѓа, пренесува Index.hr.

Третиот кандидат на претседателските избори Синан Оган освои 5,31 отсто од гласовите. На парламентарните избори коалицијата на Ердоган има 51,18 отсто, а опозицијата 34,12 отсто.

 

Партијата на правдата и развојот (АКП) на Ердоган освои 36,41 отсто од гласовите, додека Републиканската народна партија (ЦХП) на Киличдароглу 24,17 отсто.

 

nova.rs