Вчера (14 мај) во 15 часот и 55 минути во СВР Тетово повикан е 34-годишниот тетовец К.М.
Како што соопшти СВР Тетово, тој претходно бил пријавен од 34-годишниот тетовец З.Х., инаку негов сосед, дека околу 15 часот на улица „Питу Гули“ во Тетово физички го нападнал.
Според пријавеното, во нападот во кој учествувала и неговата сопруга, К.М. употребил и остар предмет и го повредил.
К.М. е задржан во Полициската станица Тетово, а пронајден и одземен му е и остриот предмет за
вештачење.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Извор: МВР