Потврдена пресудата против Саркози

Апелацискиот суд во Париз ја потврди пресудата донесена од пониската судска инстанца, со која 68-годишниот Никола Саркози е осуден на три години затвор, од кои две условно. Едногодишниот затвор Саркози може да го одлежи дома, под електронски надзор. Сѐ уште не е јасно дали до тоа воопшто ќе дојде. Поранешниот француски претседател, имено, најави ревизија, објави DW.

Судскиот процес за овој случај предизвика огромно внимание во Франција. Саркози е обвинет дека по својот мандат (2007-2012), во 2014 година, преку својот адвокат Тјери Херцог се обидел да поткупи обвинител во Врховниот суд, за да дојде до информации за истражната постапка која се водела против него. Политичарот, како што се тврди, му понудил на обвинителот Жилбер Азиберт поддршка при неговото конкурирање за работно место во Монако.

Случајот е познат во Франција како „Афера со прислушување“. За да му дојде на трага на Саркози, правосудството дало налог за прислушување на телефонските разговори помеѓу поранешниот француски претседател и неговиот адвокат Тјери Херцог. Во судскиот процес во првата инстанца, на казни затвор од по три години, од кои две условно, беа осудени и Херцог и Азиберт.

извор: DW