(ФОТО) Млад пожарникар од Карловац спаси срна од надојдената вода

 

Секој кој им помага на настраданите во поплавените подрачја слободно можеме да ги наречеме херои, а можеби најдобар доказ за тоа се фотографиите кои попладнево се направени во поплавениот Градац во Карловац.

 

Имено, младиот пожарникар на ЈВП на град Карловац ја спасил срната од давење, храбро ја зел во раце и со неа тргнал на безбедно, пишува Радио Мрежница. Несреќното животно воопшто не се исплашило, а коментаторите на социјалните мрежи се полни со пофалби за младиот пожарникар.

 

„Капа симнете“, „Секоја чест“, „Прекрасно“, „Има и добри луѓе“, се само дел од коментарите на Фејсбук страницата на Радио Мрежница, која ги објави фотографиите.

 

jutarnji.hr