Овогодинешната „Матурска парада“ ќе се одржи на утре, на 19 мај, во 12 часот, во Скопје на Плоштадот „Македонија“.
Оваа година учество на „Матурската парада“ ќе земат шест земји: Словенија, Србија, Словачка, Македонија, Црна Гора и Унгарија со педесетина градови.
Во Република Македонија ќе учествуваат матурантите од Скопје, Гевгелија, Охрид и Струга. Вкупната бројка на обучени матиранти во Скопје е 400 а во останатите градови во Република Македонија вкупно околу 1.500 матуранти.
Во Скопје годинава ќе учествуваат следните средни училишта: „Васил Антевски – Дрен“, „Владо Тасевски“, „Михајло Пупин“, „Раде Јовчевски – Корчагин“, „Здравко Цветковски“, „Димитар Влахов“, „Арсени Јовков“, „Браќа Миладиновци“, „Кочо Рацин“, „Шаип Јусуф“, „Георги Димитров“, „Панче Караѓозов“, „Јосип Броз Тито“, МБУЦ „Илија Николовски – Луј’.
Организатор е Дирекцијата за култура и уметност на Скопје во соработка со Танцов спортски клуб „Ритам плус“. Покровител на манифестацијата во Скопје е Градот Скопје.
Поддржувач на настанот е Делагација на Европската Унија во Република Македонија. Покрај ова, во последните години составен дел на подготовките и на самата завршна манифестација е кажувањето на изјавата – “заклетва” за ненасилство од страна на учесниците во сите градови во земјите во кои се одржува “Матурската парада”, на тој начин не само што во исто време на иста музика во различни градови танцуваат младите, тие, генерациите кои ќе го градат светот во иднина, во исто време од различни делови на светот ја испраќаат пораката за ненасилство, мир и толеранција.
фото:АА