Кинеските автомобили ја освојуваат Германија

Продажбата на кинески автомобили забележа драстичен раст оваа година.

 

Државниот завод за статистика објави дека во првиот квартал од годинава 28,2 отсто од сите увезени електрични возила биле од Кина. Колку е драстичен овој скок најдобро покажува фактот што во истиот период лани ова учество изнесуваше 7,8 отсто.

 

Истовремено е забележан и пад на извозот на германски возила во Кина, за драстични 23,9 отсто во однос на истиот период лани. Затоа, не е чудно што пред неколку месеци многу производители решија да ги намалат цените на своите автомобили на кинескиот пазар, се со цел да придобијат барем дел од купувачите.

Овој проблем не е изолиран само за германските автомобили, бидејќи е иста ситуација со јапонските марки. Кинезите едноставно се свртеа кон домашните марки и возила кои се поевтини, а нивните карактеристики не заостануваат зад западните ривали. Напротив.

 

Ако се вратиме на германскиот пазар, еве уште неколку податоци кои говорат за доминацијата на Кина на пазарот. Така, во првиот квартал, 86% од увезените персонални компјутери, 67,8% од паметните телефони и 39,2% од литиум-јонските батерии потекнуваат од Кина.

„Многу производи за секојдневниот живот, како и стоки за енергетска транзиција, сега во голема мера доаѓаат од Кина“, објави канцеларијата, потврдувајќи дека германската економија во голема мера зависи од кинеската економија. Исто така, се добива впечаток дека германската автомобилска индустрија донекаде го губи чекорот со кинеската, исто како што најавија многу експерти во последните години.

Во исто време, Германија не е единствената земја која бележи пенетрација на кинески електрични автомобили. Општо познато е дека Dacia Spring доаѓа од исток, а во Европа и особено во Франција, благодарение на пониската цена, бележи значителна продажба. Затоа, француската влада планира да ги ограничи стимулациите за купување нови електрични автомобили исклучиво на возила произведени во Европа.

 

Кинеската автомобилска индустрија истовремено го зголеми уделот на домашниот пазар, а минатата година го зголеми извозот за четири пати на околу два милиони возила. Се очекува годинава да извезе над три милиони возила.

 

index.hr