Најмалку 12 лица загинаа, а непознат број се повредени вчера во стампедо на фудбалски стадион во Ел Салвадор, објави салвадорската влада на Твитер.
Allianz F.C. и Клуб Депортиво одиграа четвртфинален натпревар синоќа на стадионот Кускатлан во главниот град Сан Салвадор.
Натпреварот беше прекинат откако изби стампедо во главниот дел на стадионот, кој има капацитет од повеќе од 44.000 навивачи, јавуваат локалните медиуми , а вознемирувачкото видео може да го погледнете ТУКА.
„Салвадорската фудбалска федерација длабоко жали за настаните што се случија на стадионот Кускатлан“, напиша организацијата на Твитер. „Исто така ја изразува својата солидарност со роднините на загинатите и повредените во овој инцидент.“
Momentos de tensión se vivieron en el estadio Cuscatlán donde se disputaba el partido de Alianza – Fas pic.twitter.com/4eYRq4QVEb
— Marisol Reyes (@maryrescobar) May 21, 2023
Видео: TWITTER