На 7 месеци до најавениот краен рок за завршување на автопатот Кичево-Охрид, Вицепремиерот во Владата на Република Македонија Артан Груби го нарече „несреќен проект“ започнат во 2013 година и рече дека неговото завршување ќе биде на крајот на годината или на пролет наредната година, ставајќи го под знак прашалник завршувањето на овој проект во предвидениот рок и остави простор за нов анекс на договорот.
– Веќе е отворена трасата на патот Кичево-Охрид, се гради, работите се интензивирани и само што се договоривме со премиерот следната недела да ги повикаме градителите на тие работи и да побараме да се интензивира доизградбата околу годинава или напролет следната година на тој автопат, изјави првиот вицепремиер за Тв21.
Изградбата на автопатот започна во 2013 година. Првично требаше да заврши во 2018 година, потоа рокот беше поместен за јуни 2021 година, а потоа до крајот на 2023 година. Требаше да чини 378 милиони евра, но сумата е двојно зголемена и изнесува околу 600 милиони евра. Автопатот Кичево-Охрид е дел од коридорот 8.
Неодамна, и министерот за транспорт и врски во Владата на Република Македонија Благоја Бочварски изјави дека планира за овој мандат, до 2024 година да се вози по автопатот Кичево-Охрид.
тв21