DW: Бугарија- Договор за влада со ротирачки премиер

По двегодишен политички ќорсокак во Бугарија, конзервативната партија ГЕРБ и либералната реформска партија „Продолжуваме со промените“ (ПП) денеска (22.05) постигнаа договор за формирање коалициска влада со ротирачки премиер.

„Сите направивме големи отстапки“, изјави поранешната еврокомесарка Марија Габриел, која е предложена за премиер од страна на партијата ГЕРБ. Меѓутоа, 44-годишната Габриел прво ќе биде вицепремиерка во владата која ќе ја предводи 60-годишниот научник Николај Денков, номиниран од партијата ПП. По девет месеци двајцата треба да ги променат местата. „Баравме решение за да избегнеме реална опасност од нови избори“, изјави Денков.

Најсиромашната земја во Европската унија веќе две години е во политичка криза. Неколку избори резултираа со поделени парламенти, при што ниту една партија не можеше да формира функционална влада.На петтите по ред избори во рок од две години, одржани на втори април, победник беа конзервативците. Но, Габриел не успеа да добие поддршка од две помали партии за да формира влада што би ја предводела таа.

извор:dw.com
фото:dw.com