Двајца млади момчиња се ранети во престрелката што се случи вечерва на улица Максим Горки во Врачар. 29-годишниот А.П. е застрелан во пределот на десната надколеница вечерва во 19 часот и 40 минути на аголот од улиците Цар Николај Втори и Максим Горки, известуваат српските медиуми.
Ранетиот А.П. во досието има 12 кривични пријави за дрога, оружје, разбојништва. Во сила е потерница за издржување затворска казна.
Во пукањето е повреден и македонскиот државјанин, 21-годишниот Д.Л.. Тој беше застрелан во грбот. Засега не се знае дали бил во друштво на А.П, или пак случајно бил ранет.
Се трага по напаѓачот. Има околу 20-21 година, висок 170 сантиметри и носи сив дуксер и фармерки, објавија српските медиуми.
View this post on Instagram
нова.рс