Влашката заедница во земјата денеска го прославува 23 мај –Националниот ден на Власите

На 23 мај 1905 година султанот на Турското Царство, Абдул Хамид Втори го издал „Ираде” (султановиот декрет) со кој на Власите им биле доделени национални права во Отоманското Царство, можност за избор на свои “муктари” (градоначалници), можност за настава на влашки јазик во училиштата и богослужба на влашки јазик во црквите. На истиот ден, Везирот Сафет Паша го потпишал и издал „Коминикето” со кое на патријаршијата и се забрануваат: националните права, правото на јазик и богослужба.

Овој ден се одбележува како ”Национален ден на Власите” од формирањето на првите пост-комунистички влашки здруженија од страна на сите Власи на Балканот и пошироко. Со измените во законот за државни празници на РМ овој ден е прогласен за државен празник на РМ за припадниците од влашката етничка заедница

На сите A’рм’ни (кои ние ги именуваме со егзонимот Власи) им го честитам 23 Мај, националниот ден. На денешен ден во 1905 година Султанот Абдул Хамид II издаде Ираде, со што ги призна како посебен “милет” во Империјата! Колкав е успехот на признавањето како “Милет” доволно е да се види кои до тогаш беа признати: Муслиманите, Христијаните (Урум милет), Католиците, Евреите, Ерменците, Грегоријанците. Со тоа А’р’маните во суштина од денешен аспект се како етноконфенсионална заедница, со посебен јазик. Иако до тогаш беа дел на христијанскиот милет, нивниот јазик (кој спаѓа во групата на источно- латински јазици) во суштина ги определуваше како посебност во големата империја. Денес во националните држави на Балканот се повеќе се асимилираат а јазикот им замира…, стои во ФБ објавата на Рубин Земон

https://www.youtube.com/watch?v=sQB9FVp1S0E