БиБиСи: Ова се 100-те најдобри детски книги на сите времиња

Во текот на годините, Би-Би-Си спроведе неколку анкети на филмски и ТВ критичари, експерти и фигури од индустријата од целиот свет за да ги објави најдобрите филмови и ТВ емисии во одредена категорија.

 

Сега тие спроведоа истражување за да откријат кои се најдобрите книги за деца на сите времиња и составија листа од 100 наслови.

 

Во интервју за програмата „Тудеј“ на Би-Би-Си Радио 4 минатата година, авторот Френк Котрел-Бојс се жалеше поради недостигот на разговор за книгите за деца. „Воопшто нема критичка дебата околу нив“, рече тој, став поддржан од авторката на Груфало, Џулија Доналдсон во истото шоу минатата недела.

Во истражувањето гласале 177 експерти

Поттикнати од ова, Би-Би-Си реши на многу експерти да им постави многу едноставно прашање: Која е најдобрата детска книга на сите времиња? 177 експерти, критичари, автори и издавачи, кои дојдоа од 56 земји, од Австрија до Узбекистан, гласаа за вкупно 1050 книги. Од овие гласачи 133 се жени, 41 маж, а тројца неопределени. Секој гласач ги наведе своите 10 најдобри детски книги, кои потоа беа рангирани од Би-Би-Си користејќи рејтинзи.

 

На првото место на листата се најде книгата Каде се создадени дивите суштества од Морис Сендак.

 

Второто место и припадна на „Алиса во земјата на чудата“ на Луис Керол, а трето на Пипа Долгиот Чорап.

 

index.hr