Зголемена активност на Етна: Улиците прекриени со материјал од вулканот

Вулканот Етна во Италија, најактивниот вулкан во Европа, еруптираше пред неколку дена и исфрли пепел врз Катанија, што предизвика затворање на аеродромот во најголемиот град во источниот дел на Сицилија, известува Анадолу.

Во поголемиот дел од градовите во западно/југозападната страна на вулканот во Катанија, по ерупцијата дојде до паѓање на пирокластичниот материјал измешан со дожд.

Ситуацијата на патиштата сѐ уште не е стабилизирана, а голем број туристи и набљудувачи дојдоа на јужната страна од вулканот, последното место достапно со автомобил од каде започнува искачувањето кон кратерите на врвот.

Планината Етна е најголем и најактивен вулкан во Европа. Неговите чести ерупции неретко се проследени со големи текови од лава, но ретко претставуваа закана за населените подрачја.

Етна е еден од вулканите со најдолги историски записи за ерупциите, што се протегаат повеќе од 2000 години во минатото.

извор: Анадолу.

фото: Салваторе Алегра Анадолу.