Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, со видео порака на македонски јазик го честита денешниот празник Свети Кирил и Методиј.
„Во духот на мултиетничкото оопштество во кое заедно живееме, да се потсетиме на овој важен ден дека заеднички ја преземаме обврската да ја зачуваме, негуваме и унапредиме меѓународната артикулација на македонски јазик на ист начин како што тоа го правиме и за посебноста на македонскиот идентитет“вели Ахмети меѓудругото во честитката по повод Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј.