ВИДЕО: Судири на северот на Косово – Двајца Срби застрелани, КФОР фрла шок-бомби, се пука од огнено оружје

epaselect epa10662176 Ethnic Serbs sit on the street in front of the cordon of soldiers of NATO-led international peacekeeping Kosovo Force (KFOR) in front of the building of the municipality in Zvecan, Kosovo, 29 May 2023. Protests and clashes in Zvecan continue as tensions in northern Kosovo’s region, with majority of ethnic Serbian people, arose after ethnic Albanians mayors took offices in four towns following elections boycotted by Serbian community. Serbian President Vucic on 26 May has put Serbian Army on high alert. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Србите од северно Косово бараат повлекување на косовската полиција и новоизбраните градоначалници од албанска националност.

Екипата на „Косово онлајн“, која е на местото, известува дека во близина на зградат на Општина Звечан се присутни и голем број припадници на КФОР од полскиот контингент, кои го формираат првиот прстен на „безбедност“ околу општинската зграда. Зад нив, непосредно во близина на зградата, распореден се припадници на косовската полиција.

Директорот на болницата во Косовска Митровица Златан Елек за српскиот портал Новости изјавил дека повеќе од 50 граѓани побарале помош во болницата поради вдишување гас од шок-бомбид, но и поради повреди од гумени куршуми и од боева муниција, откако Србите во Звечан на северот на Косово се судрија со припадници на КФОР и Косовската полиција.

Уште едно лице е тешко повредено. Меѓу повредените е и доктор Драгиша Миловиќ, претседателот на општина Звечан, кој е погоден во градниот кош, но не се знае од што.

Голем број припадници на КФОР со опрема за разбивање демонстрации од утрово се распоредени во близина на општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток, на северот на Косово, каде се собрани жители од српска националност. Зад нив стојат бројни косовски полицајци, кои не им дозволуваат на насобраните Срби да се приближат до општинските згради.

Американскиот амбасадор во Приштина, Џефри Ховениер, истакна дека САД најостро ги осудуваат насилните дејствија на демонстрантите во Звечан, вклучително, како што наведува, употребата на експлозиви против КФОР.

 

извор: Република