Јанчев: Комуналните служби на терен по невремето што го зафати Кавадарци и околината

Службите на Ј.П. Комуналец Кавадарци и покрај интензивното невреме од дожд кое го зафати Кавадарци, работат на чистење на патот во Катуниште, Бошавијата, Моклиште, Глишиќ и многу други локации во Тиквешијата на кои постои опасност од одрони.
Се замолуваат граѓаните да бидат внимателни,  објави на својот ФБ градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Извор: ФБ Митко Јанчев