Директорот на Јавното претпријатие Железници – Инфраструктура Хари Локвенец на 6 јуни поднесе оставка од функцијата. Тој за МИА вели дека оставката ја поднел од лични причини.
Локвенец беше на функцијата директор на Железници – Инфраструктура од ноември 2020 година.
Владата на седница на 6 јуни му препорача на Управниот одбор на јавното претпријатие да го разреши Хари Локвенец од должноста директор, на негово барање. За в.д директор е одлучено да биде именуван Зоран Трифуновски, соопшти владината прес-служба.
Јавното претпријатие Железници Инфраструктура е едно од најголемите должници во Македонија.