Министерот за здравство, Фатмир Меџити, е одлучен да го разреши директорот на Клиниката за кардиохирургија, Сашко Јовев. Од Министерството за здравство велат дека инспекторите утврдиле дека Клиниката нема поднесено финансиски извештај за минатата година, и не побарала согласност од Министерството за дежурствата, за последната година до трите месеци од 2023 година. Клиниката, исто така, немала електронски докази за присуство на медицински персонал за работното место и распоредот. Дежурните според инспекторите се организирани и платени врз основа на коефициентот, објави alsat.mk.
За време на обелоденувањето на неправилностите, инспекторите рекоа дека е невозможно лекар физички да остане на работа 30 дена 24 часа, и да прифати 200 повици и да држи 8 дежурста, алудирајќи на утврдените неправилности.
Разрешениот директор Јовев, нерегуларностите ги нарече смешни, бидејќи според него има само мали отстапки.