Шофери на автобуси, кувари, градежници, медицински сестри – Словенија бара работници од Македонија

Од шофери на автобуси, кувари, градежници до медицински сестри со средно и високо образование, општи доктори и специјалисти по патологија, хирургија, радиологија, кардиологија и други работни профили бара Словенија во Македонија. Минималната плата е 1.200 евра, а докторската до 2.500 евра. Десетици словенечки работодавачи од различни индустрии, особено од областа на здравствената и социјалната заштита, ИТ секторот, транспорт, угостителство и туризам ги претставија своите понуди за вработување пред битолчани на промотивниот настан организиран од Заводот за вработување на Словенија и словенечката амбасада во земјава. Ваква промоција Словенечката амбасада организираше и во Скопје, објави СДК.МК.

Битолчани со поделени мисења, едни сметаат дека платите не се толку високи за да ја напуштат Македонија, а други дека се многу повисоки од нашите.

„Според мене, платите во Словенија не се високи, како што ни соопштија 800 до 900 евра за кувар, останатото се придонеси. Нудат претежно работа во старски домови и болници. Јас бев заинтересиран колкави се платите и дали животот таму би бил подобар оттука. Според мене не се исплатува да се оди зашто има и други трошоци. Ни рекоа дека ќе ни најдат некое сместување во гарсониера, но мора да се земат во предвид и други животни трошоци“, рече Цанко Трајковски, еден од заинтересираните граѓани кои се појавува на настанот да добијат информации.

Текстот во целост на: СДК.МК