(ФОТО) Со сопругите македонки двајцата ракометари летуваат во Хрватска

Плажата во заливот Pritišćina на островот Вис важи за една од најубавите во Хрватска, а ракометарите Игор Карачиќ од Хрватска и Кристијан Дисингер од Германија со сопругите Македонки деновиве имаа можност да ја посетат и да покажат дека таму водата, навистина е кристално чиста.

Германскиот ракометар Кристијан Дисингер и хрватскиот репрезентативец Игор Карачиќ кои заедно во минатото играа за нашиот ракометен првак „Вардар“ љубовта ја најдоа во Македонија, па денес се оженети за сестрите близначки Марија и Душица Андоновски.

Игор и Душица се во брак од 2022-ра година, а Марија и Кристијан стапија во брак во јуни годинава.

Ова лето, поранешните клупски колеги со сопругите одлучија летниот одмор да го поминат на хрватскиот остров Вис, каде имале можност да го посетат и заливот Pritišćina, кој важи за едно од најубавите места (и плажи) на островот.

Според пишувањата на порталите во Хрватска, до заливот може да се дојде по доста лош и долг пат од местото Подхумље, со помош на брод, или пак само со пливање, а ако се погледнат прекрасните фотографии објавени на Инстаграм профилот на Дисингер, станува јасно дека патувањето до заливот навистина вредело.

 

 

 

crnobelo.mk