Маските на Венецискиот карневал се произведуваат во Скадар

Производството на уметнички маски го претвори музејот и фабриката за производство на маски во Скадар, Албанија, во уникатна дестинација, како за разновидноста, така и за славата на нивната употреба во светот, пишува Агенција Анадолија (АА).

Албанскиот уметник и претприемач Едмонд Ангони, кој е пасиониран љубител на уметноста, особено на сликарството и скулптурата, основа фабрика и музеј за маски, наменети за извоз. Овие маски масовно се користат дури и на познатиот карневал во Венеција.

По пет години емигрирање во Италија, Ангони во 1997 година одлучил да ја отвори фабриката за уметнички маски во Скадар, која денес се нарекува „Вениче арт“ (Venice Art), инспирирана од неговиот живот во Венеција во годините на емиграција.

Ангони, кој и самиот се занимава со моделирање на маски, во изјава за Агенција Анадолија (АА) истакна дека подготовката на маска поминува низ 12 процеси, од картапеста (хартиена каша – papier-mâché), моделирање, па сè до нејзино украсување.

Материјали за изработка на маските се хартија, пердуви, скапоцени камења и разни акрилни бои.

Тестот во целост на: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).