Постои бугарска „црна листа“ на која се наоѓаат имиња и презимиња од Македонија. Новинари, професори, политичари од Македонија, за кои Бугарија смета дека работат против бугарските интереси, нема да можат да стапнат на бугарска територија, вели политичкиот аналитичар Синиша Пекевски во разговор за „Плусинфо“според кој ние допрва ќе се соочиме со бугарската суровост.
-Вазалската политика на нашите неспособни политичари си го зема данокот. Постојано ја веднат главата, никогаш немаат став, секогаш се правдаат и на крајот, кога некој ќе намириса дека може да оди до крај, тогаш тој без проблем оди до крај. И ова беше нормален редослед на бугарските барања. Во ниеден момент не покажавме јасен став до каде може да се оди, туку постојано им попуштавме на соседите. Јас веќе наслушнав, па имам целосно право да верувам дека постои бугарска „црна листа“ на која се наоѓаат имиња и презимиња од Македонија. Новинари, професори, политичари од Македонија, за кои Бугарија смета дека работат против бугарските интереси, нема да можат да стапнат на бугарска територија. На проблемите им нема крај. Прво, ова е еден силен притисок за да се внесат Бугарите во македонскиот Устав, а кога ќе се случи тоа, тогаш ќе ни испорачаат нови барања – ќе бараат раководни позиции, поголеми права и сл. Инфилтрирањето преку маргинални типови како лидерот на ГДУ и истепаниот охриѓанец Кристијан Пендиков, кои, всушност, се тотално нереализирани личности, ќе го има сѐ почесто и почесто, оти луѓето го прават тоа од економски причини, а не од љубов кон Бугарија, посочува Пекевски.
извор: „Плусинфо“