Турската медицинска компанија „Инвамед“ нуди брзо решение за третирање на мали проширени вени, јавува Анадолу.
„Инвамед“ разви VeinOFF-третман, кој за неколку секунди обезбедува конклузивно решение за пациентите кои бараат третман на мали проширени вени.
Од „Инвамед“ истакнаа дека можно е да се сретнат мали проширени вени, црвени или виолетови, кои се појавуваат како резултат на зголемување или отекување на малите крвни садови на површината на кожата, најмногу на нозете и лицето, како и на другите делови на телото.
Малите проширени вени не се сметаат за сериозен здравствен проблем, но некои луѓе се жалат на чешање, пецкање или на болка. Затоа, методот на емболизација се издвојува како ефикасен метод на лекување.
VeinOFF е развиен за лекување на периферни и невроваскуларни, вклучително и артериовенски малформации и хиперваскуларни тумори со едноставен метод на полимеризација.
Овој третман, што може да се примени во амбулантски услови без потреба од хоспитализација, нуди дефинитивно решение за неколку секунди за пациентите, кои можат да се вратат во своите домови и на нормалните активности уште истиот ден.