Седмоодделенец во Мичиген ги спасил соучениците и спречил училишниот автобус да излета од патот, откако жената што го возела се онесвестила.
Директорот на средното училиште во кое момчето учи го пофали Дилон и неговиот потег го нарече многу зрел.
За време на возењето, жената која била зад воланот почувствувала вртоглавица и веднаш ја предупредила базата дека не се чувствува добро и дека ќе застане на една од станиците за да ја замени некој од колегите.
Но, не издржала и се онесвестила. Автобусот почнал да скршнува од патот, а Дилон веднаш го фрлил ранецот и истрчал до возачкото седиште.
видео: NBC News