Млада Македонка доживеала непријатно искуство по исцртувањето на веѓи во еден козметички салон во Скопје. Вели целосно и се издеформирало лицето, имала отоци и црвенило и морала да прима инекции.
Својата приказна, со цел да ги предупреди девојките, ја сподели во групата Женски домаќински муабети на Фејсбук. И како што и самата вели во објавата, не го обвинува само козметичкиот салон туку сака да предупреди дека алергиските реакции на фарбата која се користи може да се, како во нејзиниот случај многу интезивни.
Студиите покажуваат дека 37% од луѓето кои користат фарба за коса, или како во случајов за веѓи, имаат чешање или други реакции по употребата. Може и цел живот да сте користеле фарба и одеднаш да доживеете алергиска реакција.
Нејзина објава ви ја споделуваме во целост:
“ Го објавувам постов со цел да не се зафркнете како и јас, да внимавате каде одите да правите тинт на веѓи, да правите прво тест за алергија пред било каква фарба да ставите на веѓи, трепки или пак коса.
Не сакам јавно да го објавам козметичкиот салон, бидејќи мислам дека не е целата одговорност само нивна, иако нивната грешка е што не ми направија пач-тест за алергија, иако во упатството пишува дека е морално да се направи и дека може да предизвика алергиска реакција.
После 24 часа ми се појави страшно црвенило, и оток на веѓите кој ме чешаше до лудило, до вечерта се појави оток на очите и носот, како и изместување на целото лице и очи, завршив на инекции и терапија која се уште ја примам.“ вели младата македонка во нејзината објава.
Алергиска реакција на фарба е можна во било кој период од животот. Многу е важно да знаете и превенирате – односно, на секое пакување на фарба за коса пишува дека пред да ја нанесете треба да направите тест на мал дел од кожата и да почекате 48 часа, па да ја користите ако изостане било каква реакција.
а1on.mk