Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Централниот одбор на СДСМ оцени дека е добро што на средбата со опозициската ВМРО-ДПМНЕ е воспоставен дијалог во исклучително важен момент за иднината на државата.
СДСМ уште еднаш покажа државнички и државотворен капацитет и понуди рака за отворен дијалог, но и делување во остварување на уште една стратешка цел: членство во ЕУ.
Пред земјата и пред сите наши граѓани е историска шанса за продолжување на европскиот пат и воспоставениот дијалог може да допринесе кон носење одлуки за европската иднината на земјата и доброто на сите наши граѓани.
Остварување на генерацискиот сон е во рацете на политичките партии и претставниците на граѓаните, пратениците во македонското Собрание, и тоа е огромна одговорност која повикува на државничко однесување.
Во тоа име го поздравуваме првиот чекор којшто го направи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ со прифаќањето на уставните измени.
Централниот одбор на СДСМ оценува дека сето ова е добра основа за продолжување на дијалогот со сите парламентарни политички партии.
Оттука, врз основа на заклучоците и одлуките од 12-та седницата, Централниот одбор на СДСМ донесе Одлука за формирање на работна група за продолжување на разговорите со ВМРО-ДПМНЕ и сите други парламентарни политички партии за операционализација на следните конкретни чекори.
Оваа Работна група ќе ја предводе генералниот секретар на партијата, Миле Зечевиќ Вардарски
Централниот одбор на СДСМ му дава апсолутна поддршка на претседателот на партијата, Димитар Ковачевски и формираната работната група да продолжат со напорите за обезбедување широк консензус за уставните измени а со тоа и продолжување на европскиот пат на земјата.
Согласно усвоената преговарачка рамка со Европската унија одобрено од Собранието и согласно предлог иницијативата за потреба од уставни измени од Работната група при Министерството за правда.
Изборот пред сите политички партии е: интеграција во ЕУ или изолација.
Ги охрабруваме сите политички партии, сега е потребно сите заедно да застанеме, да покажеме дека поради народот, поради иднината, можеме политичките разлики да ги ставиме на страна и да работиме за доброто на земјата.
Да се обединиме за продолжување на европската интеграција на државата, за подобар живот, сигурна и стабилна иднина на сите граѓани.
СДСМ и коалиционите партнери се подготвени да го предводат процесот за европски интеграции до полноправно членство во Европската унија.
извор: СДСМ