КУРИР побара детали од МВР за несреќата која попладнево се случи во скопски Бутел, кога млада жена падна од 6-ти спрат.
Од таму потврдуваат дека жена е пронајдена во бесознание во Бутел.
Несреќата се случи во скопската населба Бутел, на улицата „Босна и Херцеговина“.
-Жената со возило на Брза помош беше однесена во болница, а на лице место е излезена полициска екипа, дознава КУРИР.
Очевидци за КУРИР велат дека во моментот кога дошла Брзата помош, жената била жива, но во многу тешка состојба.
извор: Курир.мк