Над 1.000 деца вакцинирани за пропуштени рутински вакцини со кампањата „Од врата до врата“

0
103

Повеќе од 1.000 деца се вакцинирани за пропуштени рутински вакцини во рамки на заедничката кампања „Од врата до врата“ на Министерството за здравство (МЗ) и Светската здравствена организација (СЗО), информираше МЗ.

Кампањата започнала на 24 април и се спроведувала вкупно четири недели, како дел од Европската недела на имунизација, со финансиска поддршка од ЕУ. Во овој период биле посетени вкупно 3.373 семејства, заедници и собиралишта за лица во повеќе од 200 урбани и рурални средини.

Во рамки на кампањата биле одржани и едукативни разговори и предавања.

Во теренските посети вклучени биле 30 медицински тимови кои ги презентирале бенефитите од имунизацијата, соопшти Министерството за здравство.

Извор: МЗ