Да се укине агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, ем троши многу пари ем е неефикасна, велат граѓаните

Развојот на туризмот во земјавата вечна тема.  Туристичките работници се трудат да привлечат што повеќе туристи да остават добар впечаток, да ги сокријат недостатоците, но дали и колку успеваат?

Секојдневно на социјалните мрежи туристичките работници, но и граѓаните споделуваат свои видувања за тоа вој кој правец се движи Македонија. Во продолжение ви пренесуваме една објава:

-Пролетва во Македонија дојдоа и сеуште идат, за наши услови, многу туристи.
За оваа состојба, најмала заслуга има Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Самото постоење на Агенцијата е спорно. Најдобро е политичарите што ја создадоа што побргу да ја укинат. Ем троши многу пари ем е неефикасна/непотребна.
До сега, од видливите актиности најзабележливи беа посетите на саеми за туризам во странство и вработување партиски послушници.
А туристите што ја посетуваат државава од една страна се воодушевуваат на убавините на Македонија, а од друга страна се згрозуваат од валканоста на се што гледаат околу себе и недостатокот на неопходна инфраструктура.
На секој чекор гледаа – шут, пластични ќеси, шишиња и други ѓубришта, кучиња скитници, а чувствуваат и мирис на мочка.
Се плашат да не ги касне некое улично куче од глутницата што ги придружува додека ги разгледувааат туристичките места.
Јадници нема каде да отидат во тоалет. Оние туристи што биле овде пред дваесетина години, велат дека не забележуваат никакви позитивни промени. Иронично укажуваат дека можеби при следната посета по некоја декада, градските власти во Скопје, Охрид, Битола и т н ќе направат барем пристојно јавно ВЦ.
Ние мештаните станавме слепи, ама странците ги забележуваат дивоградбите во Скопската чаршија, во стариот дел на Охрид, низ Струга, околу цело Охридско Езеро. Им паѓаат в очи паднатите или урнатите историски куќи во Битола, Кратово, Велес и во други места, а коментираат и за пропаѓањето на скопскиот аквадукт, дрвата што никнале низ 1500 години стариот ѕид на Кале.
Дури и таму каде што нешто е правено, за кусо време се распаѓа. Богородица Перивлептос прокапува. Дел од арабеските во Мустафа пашина џамија веќе ги разјадува влага, се појавува влага во фрески во свети Пантелејмон, пропаѓа и одлепената Богородица во света Софија во Охрид, а несоодветното осветлување во Врело придонесува да се развива пештерска вегетација. Списокот може да се надополнува.
Раководителите во Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот сигурно ќе кажат дека сите наброени пропусти, проблеми и лоши изведби се во туѓа надлежносст, односно дека тоа не е дел од нивната работа. А што им е работа? Да патуваат по саеми, да седат во канцеларии и да земаат плата?
Кога сме кај патувањата, многумина се интересираат – при ваква лоша инфраструктура и неуреденост во ддржавава, што промовираат и како тоа им го прикажуваат на странските тур оператори и агенции?
Кој знае, можеби носат розови наочари па се им изгледа идеално?
Еве им предлог. Нека ги искоординираат различните институции, агенции и министерства. Македонски патишта да си ги очистат патиштата, Министерството за култура да ги одржува спомениците, Министерството за екологија да ги заштити природните убавини, а градските комунални служби да ги уредат градовите според потребите на туристите.
Лаик како мене, смета дека, доколку Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот направи нешто практично со што ќе придонесе туристите да се чувствуваат пријатно при престојот во Македонија, ќе направат поголема реклама од сите досегашни ОБИДИ и бесцелно потрошени пари при сите нивни патувања и посети на СТРАНСТВО.

извор: ФБ Зоран Таневски