Норвежанец уапсен на ГП Белановце, бил баран од Интерпол

0
89

Дваесет и деветгодишен државјанин на Норвешка вчера бил приведен на Граничниот премин „Белановце“ бидејќи бил баран од Интерпол.

– На 15.06.2023 во 16,30 часот на Граничен премин „Белановце“, полициски службеници го привеле Б.Г.(29) од Норвешка затоа што по извршена проверка било констатирано дека евидира во службената евиденција на стоп листата на Интерпол, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

фото: Архива