Понеделник на охридскиот аеродром обновување на сезонската авиолинија од Белград со Ер Србија

ТАВ Македонија во понеделник 19 јуни на Аеродромот Св.Апостол Павле во Охрид ќе го означи обновувањето на сезонската авиолинија од Белград со Ер Србија.

На настанот по пристигнувањето на авионот, присуство ќе земат  Генерален директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт; Директор за комерцијални работи и стратегии на Ер Србија, Бошко Рупиќ; Министер за транспорт и врски, Благој Бочварски.