Жената е симбол за љубов, поддршка, грижа, мајчинство кое обврзува, столб на семејството, но и столб на целокупната заедница со големи заслуги. Нераскинлив дел и значајна нишка не само во Општина Охрид, туку и во секоја институција каде што успешно функционираат и носат важни одлуки и решенија.
Токму на сите дами вработени во Општината им подаривме цвет како скромен гест на внимание и почит за денешниот ден и за вредната и посветена работа со која секојдневно даваат значаен придонес за квалитетно функционирање на градот.
Охрид и Македонија имаат силни жени кои живеат храбро и се цврсто одлучни за посветла иднина на градот и татковината.
Драги дами,
Вие сте достојни за внимание секој ден, затоа бидете достоинствени, мудри, храбри и силни, бидете и денес, но и такви уште долги години.
Среќен 8 Март!
-пишува во честитката на ФБ градоначалникот Кирил Пецаков.